Свет
9. April 2018 - 13:08

Лондон бара итна акција за наводниот напад со хемиско оружје во Дума

Лондон побара итна акција како одговор за наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска побара „силна и голема меѓународна акција“ како одговор за наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума што е под контрола на бунтовниците.

Во телефонски разговори со својот француски колега, Жан Ив ле Дријан, Џонсон нагласил дека „итно мора да се истражи што се случило во Дума и да се обезбеди силен и голем меѓународен одговор“, соопшти Форин офисот.