Локвенец: Не само што најавивме економска година, туку тоа го докажуваме со бројки
Економската политика на Владата на СДСМ е потврдена и од меѓународната заедница, која за прв пат по 13 години го подигна рејтингот од ББ на ББ+, изјави пратеникот на СДСМ Хари Локвенец на денешното гостување на емисијата Топ тема на Телма.
Локвенец додаде дека, политиките креирани од владата на СДСМ, во насока на поддршка на инвестициите, продуктивноста на компаниите, намалување на невработеноста, се докази, поткрепени со аргументи за вистинската насока на економската политика на владата.
Не само што најавивме економска година, тоа го докажуваме со број и и параметри, кои се евидентни, нагласи Локвенец, додавајќи дека растот на БДП од проектираните 3,2 насто се искачи на 3,6 проценти, што е потврдено и од Светска банка.
Во врска со капиталните инвестиции, пратеникот на СДСМ Хари Локвенец рече дека многу важно прашање е дали капиталните инвестиции се користат за вложувања, кои создаваат дополнителна вредност за граѓаните или служат само за покажување на форми и борјки.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите