Локалните власти прогласија вонредна состојба поради пожарите кај Сребреница
Шумскиот пожар што избувна пред неколку дена во Националниот парк „Дрина“ во атарот на селото Лука во општина Сребреница во БиХ, се уште се шири низ непристапен терен, падини и карпи над Перуќачко Езеро на Дрина, соопшти Територијалната пожарна единица Сребреница.
Пожарниците изјавуваат дека не е можно да се гаси овој пожар од земја, бидејќи теренот е непристапен и опасен за луѓето, но е тешко и за техниката.
Пожарот зафатил четинари и ниска вегетација. Директорот на Националниот парк, Радомир Павловиќ, изјави дека е побарана помош и се очекува дека утре, во гаснењето на пожарот ќе учествуваат и хеликоптерите од Хеликоптерскиот сервис на Република Српска и Оружените сили на БиХ.
Началникот за општествени активности на општината Сребреница, Адем Мехмедовиќ, соопшти дека пожарот сè уште се шири на непристапен терен кон Дрина. „Прогласивме ванредно состојба за месната заедница Лука. Утринава испративме механизација кон тоа село за да го зачистиме патот и да направиме пресек во случај пламените јазици да се прошират кон селото. Подготвивме објекти за евентуална евакуација на населението ако биде потребно, бидејќи постои опасност од голема количина чад во селото, појасни Мехмедовиќ.
Пожари во последните недели зафатија неколку подрачја во Босна и Херцеговина, меѓу кои и Националниот парк „Сутјеска“, околината на Билеќа, Маглај и Какањ.
Ново на Сител
-
Артан Груби, неговата фамилија и судијата Енвер Беџети на „црната листа“ на САД
-
Зеленски: Отворени сме за можноста западни војски да ја гарантираат безбедноста на Украина заради ставање крај на војната
-
Ахмети: Нема да има мир ако се укине Законот за јазици | ВИДЕО
-
Магла на патот Шипковица - Попова Шапка, видливост до 40 метри
-
Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност
-
Пронајдена пушка и 16 куршуми кај лице од Чашка
-
Трамп ќе ги помилува учесниците во упадот на Капитол уште на првиот ден од мандатот
-
Сириските бунтовници нема да воведуваат верски кодекс на облекување за жените