Локализиран пожарот што изби попладнево меѓу селата Богородица и Стојаково

Со брза интервенција на територијалната противпожарна единица од Гевгелија доцна попладнево беше локализиран пожарот кој изби на потегот меѓу селата Богородица и Стојаково, под ридот Рудине.
Постои сомневање дека пожарот е предизвикан од сточари кои од тука минувале.
По избивањето пожарот набргу ги зафатил земјоделските површини на териториите на општините Гевгелија и Богданци и блиската борова шума. Пожарникарите од Гевгелија брзо интервенирале и го ставиле огнот под контрола, а доцна попладнево е локализиран со што е оневозможено негово ширење кон селото Стојаково.
Истовремено избил пожар и во близина на автопатот кај селото Прдејци кој зафатил дел од крајпатните треви, но не ги зафатил лозовите насади на фирмата „Виторија грапс“.
Пожарот бил локализиран од пожарникарите и вработените на лозовата плантажа.
Ново на Сител
-

Во Источна Македонија најмногу потрошувачка на лекови на рецепт
-

Жените во Тетово ќе се капат во посебни термини во градскиот базен
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
