Локализиран пожар на отворено во тетовски Дреновец, спреченo оган да се доближи до куќите
Тетовските пожарникари попладнево изгаснаа пожар на отворено во населбата Дреновец, при што е спречено огнот да се доближи до куќите во овој ридест дел од градот. Пожарната била повикана околу 16 часот.
-Огнот се појавил поради тоа што биле запалени стрништа, сува вегетација при чистење на земјоделска површина. Огнот им излегол од контрола, но по пријавување во пожарната успеавме да го локализираме, изјави Ука Алити, командант на Тетовската пожарна.
Тој посочи дека периодов постојано интервенираат на вакви пожари кои се предизвикуваат од земјоделци и луѓе кои имаат земјишни имоти што пролетва се обидуваат да ги исчитат од сувата вегетација со нејзино палење. Само денеска имаше неколу вакви пожари на отворено кои излегле од контрола.
-Пожарната е со ограничени ресурси и ако вака продолжат со несовени постапки ќе се дојде до непосакувани ситуации каде и животи и имоти ќе бидат засегнати,а ние не ќе имаме време да дојдеме на време да спречиме поголем пожар. Како да се попусти нашите апели да не се палат огнови сега на нивите, рече Алити.
Пред три дена тетовските пожарникари изгаснаа шумски пожар кој беше предизвикан од намерно запалени автомобилски гуми. И Секторот за внатрешни работи Тетово постојано апелира да не се палат вакви огнови. Затворските казни за намерно предизвикување пожар се движат од три до осум години.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари