Локалитетот Стрновец за две недели ќе биде даден под концесија
Локалитетот Стрновец за две недели ќе биде даден под концесија, најави заменик-министерот за економија Христијан Делев по денешната посета на овој термоминерален извор.
Делев од Стрновец апелира инвеститорите да се пријават на електронскиот оглас и воедно информира дека во соработка со општината ќе бидат огласени и пет хектари земјиште по почетна цена од едно евро за метар квадратен, за изградба на хотели, спа и велнес центри.
- Туризмот во Македонија бележи енормен раст секоја година. Повеќе од десет проценти во последниве девет години имаме развој на туризмот, но сепак тој раст е лимитиран заради тоа што главно е концентриран на езерскиот туризам. Во Македонија постојат можности како што е овој локалитет за развој на другите форми на туризмот. Во Европа ова е огромен тренд каде што држави како што се Словенија и Унгарија, имаат енормен раст и приходи од спа и велнес туризмот, истакна Делев.
Тој нагласи дека овој извор е еден од најдобрите во Република Македонија. Во текот на 12 месеци има огромна издашност на термоминерална вода со лековити својства. Локалитетот е на 40 минути од Скопје во близина на регионален пат Куманово - Крива Паланка и нуди, како што потенцира заменик министерот, идеална можност за развој на алтернативниот туризам зашто се наоѓа во прекрасно природно опкружување.
Градоначалникот на општина Старо Нагоричане Милован Стојковски се залбагодари на Владата за најавеното распишување на огласот и ја повика бизнис заедницата да аплицира.
- Се надевам дека оваа концесија ќе ја привлече бизнис заедницата и во иднина овој комплекс амбиент ќе заживее и ќе добиеме спа центар кој во иднина ќе биде туристичка дестинација и атракција, рече Стојковски.
Според директорот на Јавното комунално претпријатие „Козјак“ од Старо Нагоричане, Борко Соколовиќ, термоминералниот извор се наоѓа на три километри од општина Старо Нагоричане и на 20 минути од Куманово, и има лековити својства за ревматски заболувања и зараснување рани.
Протокот на вода, рече, е 12 литри во секунда, а температурата е константна во текот на целата година и изнесува 39,5 степени целзусови. Лани, според податоците на ова претпријатие кое стопанисува со Стрновец, бањата ја посетиле 8.000 капачи од североисточна Македонија, но и од јужна Србија.
Заменик министерот Делев потенцираше дека во Македонија постојат уште четири локалитети кои допрва ќе треба да се огласат и нагласи дека бизнис заедницата треба да покрене иницијатива. Еден таков локалитет е во непосредна близина на Куманово, а во Кочани има вода која се уште не е искористена, но општината презема активности и го урбанизира земјиштето околу. Локалитети со топла вода, додаде Делев, има и во Гевгелија и во Струмичко.
- Македонија лежи на неколку извори на термоминерална вода кои можат да се искористат за ваков вид туризам, постајано, 12 месеци во годината. Словенија од ваков вид туризам добива приходи повеќе од 1,5 милијарди евра годишно, а ние немаме еден спа и велнес центар. Не зборувам за традиционална бања, туку за туризам кој на некој начин е висок и за кој имаме идеални услови, напомена Делев.
Тој појасни дека никаде во Европа нема такви извори со топла вода што е над 70 проценти, а дека Македонија има таков капацитет и потенцијал како што се изворите со 72 степена целзусови во Гевгелија.
- Сето ова е нова иницијатива која би сакале да ја промовираме за и понатаму да имаме раст на туризмот, рече Делев.
Директорот на Геолошкиот завод на Република Македонија Костадин Јованов појасни дека бушотината во Стрновац е на 180 метри и дека температурата на водата е околу 40 степени. Со изградба на нови објекти може да се добијат поголеми количини вода и повисока температура за самозагревање на објектите.
- Самиот објект дава гаранција дека е одржлив и дека ресурсот може да се користи, посочи Јованов, додавајќи дека овој потенцијал го имаат и останатите локалитети во Македонија.
Ново на Сител
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија