Логор од Втората светска војна станува луксузно летувалиште
Малиот каменест остров Мамула на влезот во заливот Бока Которска, близу границата меѓу Црна Гора и Хрватска, каде во текот на Втората светска војна се наоѓал италијанскиот концентрационен логор „Нумеро 11“, со одлука на црногорската Влада ќе биде претворен во луксузно летувалиште.
Како што објави британскиот весник „Дејли Мејл“, логорот „Нумеро 11“ бил отворен на 30 март 1942 година и во него италијанските фашисти затворале партизански борци, воени зарбоеници и цивили од Црна Гора и јужна Далмација.
Со планот е предвидено на осторовот Мамула да бидат изградени луксузни вили со базени, елитен ресторан и клуб и марина за пристапување на јахти.
На островот се наоѓа тврдина изградена во 1853 година, кога тој бил дел од територијата на Австро-Унгарија со задача да го штити влезот во заливот Бока Которска, која сега е напуштена и неискористена.
Семејствата на околу 2.000 затворници во логорот, остро реагираа на ваквата идеја на властите во Подгорица.
- Најмладиот затвореник во логорот било едно бебе од селото Побори во близина на Будва. Кога бебето ќе заплачело, италијанските војници ги тепале сите затвореници се додека не завладеала целосна тишина, раскажува Јованка Уљаревиќ, една од противничките на оваа идеја, чија баба била затворена во логорот кога имала 12 години.
Според неа, изградбата на луксузно одморалиште на Мамула ќе ги уништи сите спомени на логорот и на она што се случувало на него.
Но, црногорската Влада не се откажува од идејата, најавувајќи иневстиција вредна 15 милионин евра и отворање 200 работни места.
https://
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка