Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација

Заштитен појас под УНЕСКО е една од главните пречки за реализација на автопатското решение на дел од Коридорот 8 кон Албанија, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, при посетата по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци во Старата скопска чаршија. Љутков најави дека во мај се очекува посета на делегација на УНЕСКО за увид во состојбите на терен.
- Таму еден заштитен појас којшто е под УНЕСКО и тој коридор го опфаќа и спојувањето со спојувањето со Република Албанија. Разговараме за да најдеме заедничко решение. Тој е правен според НАТО стандарди и ја поврзува земјава со НАТО. Верувам дека во мај месец ќе дојдат од комисијата од УНЕСКО и од делегацијата за да можеме одблиску да им ги покажеме сите проблеми со кои се соочуваме инфраструктурно, но и сите проблеми кои се соочуваат во Охрид и Струга - изјави Љутков.
Во однос на делницата од Требениште до Ќафасан, Љутков посочи дека не може да се реализира автопатското решение, поради, како што рече, заштитениот статус. - Тоа е заштитен појас, штом е заштитен појас ние не можеме да продолжиме со автопатското решение - рече Љутков.
Говорејќи за реконструкцијата во Старата скопска чаршија, министерот истакна дека инфраструктурните инвестиции се клучни за враќање на занаетчиството.
- Многу е важно да се задржи примарната дејност на Старата скопска чаршија, како главните работи како што е занаетчиството. Во последните години знам дека изумира занаетчиштвото, но со вакви инфраструктрни проекти со кои ќе се подобри целата водоводна мрежа инфраструктурна инсталација ќе се донесе дигитализација во целиот овој процес. Кога имате вие добра инфраструктура се разбира дека назад ќе се вратат занаетчиите. Но, и со програмите кои што ги имаме во Министерството за култура и туризам се надевам дека во 2026 година дека ќе отвориме и конкурс за поддршка на занаетчиштвото и поддршка во делот на занаетчиштвото и се надевам дека се почесто ќе се враќаат назад и Старата скопска чаршија ќе си го носи својот примат повторно - рече Љутков.
Во врска со колективниот договор за култура, информираше дека постапката е во фаза на преиспитување и дека ќе следат разговори со синдикатите.
- Прво, не е укинат колективниот договор за култура туку Уставниот суд донесе одлука за преиспитување. Уште денеска испративме порака до синдикатите и веќе утре работната група која што веќе постои од претходно ќе ја реактивираме и утре ќе имаме заеднички состанок. Не би давал одвоени мислења се додека не се сретнеме со синдиактите и да донесеме речение како ќе одиме понатаму. Средбата е планирана за утре попладне - изјави Љутков.
На новинарско прашање за евроинтеграциите, вицепремиерот Беким Сали посочи дека институциите интензивно работат на реформската агенда.
- Работиме интензивно во делот на реформската агенда која што е во склоп на развојот на регионот. Во делот на евроинтеграциите, знаете, интензивни се состаноците и во координација сме со европската делегација во Скопје и со канцеларијата на Европската комисија во Брисел. Очекуваме извештајот којшто е од Европската комисија деновиве да пристигне за делот на Реформската агенда. За тие 16 чекори кои што ги пчекуваме како позитивен одговор и работиме во координација со сите институции вклучени во исполнување на чекорите. Работиме за исполнување на овие чекори во јуни, а извештајот го добиваме во септември - изјави Сали.
Општина Чаир денеска ја почна реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци во Старата чаршија, проект вреден 28,7 милиони денари. Интервенцијата опфаќа површина од 1.567 квадратни метри и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, како и модернизација на подземната инфраструктура, вклучително водовод, канализација, електрична и оптичка мрежа, уредување на пешачки површини, ново осветлување и урбана опрема.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
-

Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
-

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето
