Љубовници, колеги, пријатели: Вака Харисон Форд се прости од Кери Фишер
Вестите за смртта на Кери Фишер многу го потресоа неговиот колега Харисон Форд, со кој играше во хит филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“, и наводно имала и врска со него.
Славната актерка Леа почина вчера во 60-тата година, откако минатиот петок и се слошило во текот на летот од Лондон во Лос Анџелес.
-Беше единствена и храбро го живееше својот живот. Мое сочуство до нејзината ќерка Били, нејзината мајка Деби, братот Том и бројните нејзини пријатели. На сите нас многу ќе ни недостасува, рече Форд.
Инаку Кери во една прилика откри дека имала тримесечна афера со Харисон на снимањето на „Војната на ѕвездите“, додека актерот бил во брак. Оваа тајна ја чувала 40 години.
-Беше многу страсно. Во текот на неделата бевме Хан и Леа, а во текот на викендот Кери и Харисон, рече таа. Кери тогаш имала 19 години, а Харисон 33.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток