-->
-->
Љубовна приказна на банкнота од 20 евра - Погледнете што се случило
-->
Дениз О’Рајли нашла банкнота на која имало мистериозна порака и сакала да дознае кој стои зад целата приказна.
Откритието на мистериозната порака која се крие на банкнота од 20 евра ја обновило старата љубовна приказна. Се почнало минатиот викенд кога Дениз О‘Рајли на својот фејсбук профил споделила фотографија со банкнотата.
Фотографијата набрзо почнала да кружи по друштвената мрежа, а споделена е околу 16.000 пати. Набрзо е објавена и приказната која се крие зад овој љубовен гест посветен на едно момче по име Лич.
-Меган беше името со кое ја именував својата поранешна девојка. Заедно бевме една и пол година. Името Меган се создаде кога погрешно го слушнав нејзиното име и првата недела од нашето забавување навистина мислев дека се вика така. Музичар сум и додека бевме заедно и посветив песна со наслов „It’s always been you“. Во песната објаснив дека можеби еден ден ќе раскинеме и дека таа ќе запознае некој друг. Кога видов што се случува со банкнотата, ја побарав. Ми рече дека ја напишала пораката кога доаѓала на една од моите свирки пред шест месеци. Не ни знаев дека била таму. Мислела дека банкнотата ќе се најде во моите раце, што не се случи. Мислела дека не сакам да зборувам со неа, рече тој.
Инаку, Лич и девојката повторно се во контакт, но, како што вели, ситуацијата е поинаква.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа