Љубојна го затвора Фестивалот „Илинденски денови“

Со концерт на групата Љубојна и македонски виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски вечер во 21 часот, во театарот на античкиот локалитет Хераклеа ќе биде затворено 45. јубилејно издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Според востановената традиција, свеченото затворање ќе почне со доделување на наградите за најдобрите фолклорни групи и ансамбли кои во изминатите фестивалски денови понудија изворни, автентични и селектирани обработени фолклорни содржини инспирирани од изворните, а потоа во чест на наградените ќе биде приреден целовечерен концерт.
- Годинава фестивалот го затвораме со спектакуларен концерт на култната група Љубојна и светскиот познатиот македонски виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски кои заедно со тајфата чалгии својот вечерашен концерт го насловија „Шербет Љубојна“. Тоа всушност е истоимен наслов на музичкиот албум и двојното ЦД кои наскоро ќе бидат промовирани, а издавач ќе биде нашата установа Центарот за култура-Битола, истакна директорот Борче Димитровски во пресрет на вечерашната финална вечер.
Во изминатите четири денови на фестивалот во Битола продефилираа околу 1.000 учесници, членови на КУД од државата, ансамблот „Македонка“ од Торонто, Канада и гости од Полска, Романија, Италија, Хрватска и Србија, кои синоќа на плоштадот „Магнолија“ приредија незаборавна интернационална вечер. Во рамки на фестивалот се одржаа повеќе придружни манифестации, работилница и изложба по повод јубилејот 40 години Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.
Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собрание на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
