Лижејќи го окото со јазикот лечи болести - болните се крстат во нејзе
Во село Црњево, 40-тина километри од Завидовиќи во Босна и Херцеговина, болни луѓе доаѓаат кај една старица кој веројатно има единствена метода во светот за лекување.
Хава Челебиќ или како што ја нарекуваат „нана Хава“ од Босна веќе со децении им помага на болните кои патот ќе ги донесе на нејзиниот праг, и тоа лижејќи им ги очите.
Оваа необична метода, вели, ја научила одамна.
-Јас ова го научив од една жена која исто така се вика Хава. Но, по мене изгледа никој нема да го наследи ова, зошто на моите деца им се гади да стават јазик во нечие око- вели таа.
Осумдесетгодишната старица со јазикот од очите вади парчиња олово, железо, јаглен, пилевина, стакло и слично. Третманот трае кратко и чини околу 10 евра, но оние кои се неврабтоени или немаат, немора да платат.
Хава добро ќе ја измие устата со алкохол, а потоа со јазик го лиже окото, односно го бара туѓото тело. Наводно излечила над 5.000 луѓе кои доаѓале од разни страни на светот, од Америка до Русија.
-Има многу од тие на кои модерната медицина не можела да им помогне. Доаѓаат од болница кај мене со потечено око, јас им го чистам и им го вадам трнот, вели Хава.
Ново на Сител
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите