Балкан
18. July 2017 - 9:35

„Листа српска“, се уште, не одлучила со кого ќе коалицира по изборите

„Листа српска“, се уште, нема донесено одлука кон која изборна коалиција ќе се приклучи.

Ова, според приштинскиот весник „Експрес“, го изјавил потпретседателот на партијата, Славко Симиќ, додавајќи дека не верува дека неделава ќе се конституира Парламентот и ќе биде формирана новата косовска Влада.

- Што се однесува до одржувањето на конститутивната седница, се уште, не е одреден датумот, новите пратеници, се уште, не се регистрирани во Парламентот. Процедурално оваа недела не е можно да се оддржи седница,изјави Симиќ.

Од загарантираните десет пратенички места за српската етничка заедница „Листа српска“ освои девет.

Според уставните одредби, српската етничка заедница мора да биде вклучена во Владата.

-Вклучувањето на српската заедница во Владата е уставна обврска која треба да ја почитува секој политички субјект што формира влада. На српската заеднца треба да и биде доделено едно министерско место, доколку бројот на министри не е поголем од 12, пренесуваат медиумите.

За именувањето министер од српската заедница, доколку не е дел од загарантираната пратеничка група на оваа заедница, треба да има согласност на шест од десетте пратеници.