Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
Полициски службеници синоќа лишиле од слобода возач во Штип, кој управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
- Синоќа во 21:58 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Т.(52) од с.Долни Липовиќ, радовишко. При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,27 промили алкохол во крвта, соопштија од Министерството.
Како што наведуваат од МВР, возачот е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот