Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М. (19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.”Маршал Тито” во Тетово, известува МВР.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Ова не е прв ваков случај на апсење поради подметнување пожар: Вчера во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С.(57) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело "предизвикување на општа опасност". Имено во населбата Карпош на Никуљски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило "ауди", напуштена куќа и ниви“, соопшти МВР.
Пред две недели беше уапсен и А.Н поради основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.
Ова се само неколку од случаите на апсење на лица поради предизвикување пожари кои ја зафатоија нашата земја.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
