Лимак холдинг најавува старт на инвестицијата вредна 250 милиони евра
До крајот на годинава турската компанија Лимак холдинг очекува да ги добие потребните дозволи за реализација на инвестицијата вредна 250 милиони евра.
Лимак холдинг ќе гради мултифункционален деловно-станбен комплекс кај Старата железничка станица, веднаш до Музејот на Град Скопје, тунел и двонасочна сообраќајница со шест ленти.
На површина од 300.000 метри квадратни, проектот предвидува четири блока, околу 1.000 станови во 20-катни згради, канцеларии, трговски центар, простор за културни активности, места за јадење и пиење, паркинг,...
Според менаџментот на компанијата, во текот на изградбата месечно ќе се ангажираат по 700 лица, а по завршувањето на компкексот ќе бидат вработени 2.000 до 2.500. Во градежните активности ќе бидат вклучени македонски фирми и набавката на потребните материјали ќе се врши од домашни компании.
Целосната реализација на проектот треба да биде заокружена за 2,5 до три години. Притоа, постоечката зграда на Музејот на Град Скопје, воопшто нема да се наруши и ќе биде вградена во рамки на комплексот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова