Ликовни и литературни автори донираа дела за хуманитарно-продажната изложба за настраданите во Кочани
Над 140 ликовни уметнички дела и уште голем број рачни изработки и литературни изданија од автори од Кочани, Виница и други градови во државата се донирани за хуманитарно-продажната изложба, што беше отворена во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.
Настанот заеднички го организираат волонтерите од SupportKocani и вработените во кочанската културна институција, од каде упатија повик до сите ликовни уметници и литературни творци да дадат свој придонес во прибирањето финансиски средства за помош на настраданите во трагичниот пожар.
- Во изминатиот период имавме одличен одѕив на повикот за донирање ликовни и литературни дела, што само потврдува дека имаме хумани луѓе кои подадоа рака да помогнат. Навистина беше одговорна и тешка задача да се изложат 143 уметнички творби, но ја подготвивме изложбата со сознанието дека некому ќе му помогнеме, затоа што ова е наша граѓанска одговорност. Делата ќе бидат изложени во наредните 14 дена, а на 26 април ќе се одржи аукција за нивна продажба на која може да учествува секој заинтересиран, истакна Александра Димитреова, раководителка на Ликовната галерија во ЦК „Бели мугри“.
Секој автор кој донирал свое дело има определно почетна цена за аукцијата, а собраните средства, во соработка со SupportKocani ќе им бидат транспарентно распределени на настраданите во пожарот.
Изложбата ја отвори в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски кој упати благодараност до донаторите и повика хуманитарните настани да продолжат, а домашни автори читаа поезија посветена на трагичниот настан.
Ново на Сител
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот