Лига на нации: Голем кам-бек на „лалињата“
Холандија ќе им се спротистави на домаќините Португалија предводени од Кристијано Роналдо во финалето на првото издание на Лигата на нации на УЕФА, откако по продолженијата со 3:1 ја совладаа репрезентацијата на Англија, иако „албионот“ имаше рана предност.
Во Гимараеш, Англичаните дојдоа во водство со гол од пенал на Маркус Рашфорд во 32. минута од мечот, откако Матијс де Лихт направи клучна грешка во шестнаесетникот. Но, во второто полувреме, тимот на Роналд Куман се врати посилен, и Де Лихт се „оправда“ со гол во 73. минута со кој тие обезбедија продолженија.
Во првото продолжение, Џон Стоунс направи несфатлива грешка пред својот шестнаесетник, подарувајќи му ја топката на Мемфис Депај, а одбиениот удар од голманот Пикфорд го „закачи“ Кајл Вокер за 2:1 водство на „лалињата“. Печат на победата и најавата за голем кам-бек на репрезентацијата која не успеа да се квалификува на две големи натпреварувања едноподруго (Евро 2016 и СП 2018), ја запечати Квинси Промес во 114. минута.
Резултатот значи дека Англија и по 53 години го чека своето прво финале на големите натпреварувања – тие ќе играат со Швајцарија во мечот за трето место.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник