-->
-->
Лига куп: Јунајтед го елиминира Сити
-->

Јунајтед го победи Сити во манчестерското дерби, кое се одигра во рамките на осминафиналето во Лига купот. Покрај Манчестер Јунајтед четвртфинале, во средата, изборија Вест Хем, кој славеше над Челзи (2:1) и Саутемптон со минималната победа над Сандерленд.
Градското дерби на екипите кои играат лошо во последниоте неколку недели, донесе просечен фудбал и победа на Јунјатед со голот на Мата во 54.минута.
Мурињо и Гвардиола започнаа со комбинирани состави со тоа што Јунајтед имаше за нијанса посилен почетен состав.
Приот дел мина во тактичко надмудрување, со нешто подобра игра на Манчестер Јунајтед. Мечот го реши во раната фаза на вториот дел Мата, Ибрахимовиќ мина по левата страна упати центаршут по земја, во петерецот Ерера собори еден од противничките дефанзивци, судијата Дин оцени дека немало прекршок, а Мата го совлада Кабаљеро.
Јунајтед неколку минути пред водечкиот гол имаше добра шанса, но ударот на Погба заврши во дирекот.
Сити во останатиот дел од натпреварот не успеа да се закани, а поразително за Гвардиола ќе делува податокот дека неговите играчи за 90 минути не упатија ниту еден директен удар кон голот на Де Хеа.
Вест Хем, во лондонската пресметка, славеше над Челзи 2:1. Домаќинот мечот го отвори со голот на Кујате по само 11 минути игра. Со тој резултат се замина на одмор, а во третата минута од вториот дел Фернандез ја зголеми предноста на „чеканите“. До крајот Челзи преку Кејхил во 95.минута го постигна почесниот гол.
Дуелот Саутемптон-Сандерленд го реши Буфал со голот во 66.минута.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
