Фудбал
17. March 2016 - 7:51

Лига Европа: Битка за влез во четвртфиналето

Во фудбалска Европа вечерва се играат реванш осминафиналните дуели од Лига Европа. Секако најинтересен е натпреварот меѓу премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Големото ривалство е несомнено, а предноста на „црвените“ од првиот дуел навестува уште поголема битка за влез во четвртфиналето.

Двојки за вечерашните натпревари:
19 часот: 
Баер Леверкузен - Виљареал (0:2 прв натпревар)
Валенсија - Атлетик Билбао (0:1)
Лацио - Спарта (1:1)
21:05 часот:
Манчестер Јунајтед - Ливерпул (0:2)
Андерлехт - Шахтјор (1:3)
Севиља - Базел (0:0)
Тотенхем - Борусија Дортмунд (0:3)
Брага - Фенербахче (0:1).