Лидија Тимчевска в.д. претседател на скопска Апелација
Судијката Лидија Тимчевска е назначена за вршител на должност Претседател на Апелацискиот суд во Скопје. Иако денеска Судскиот совет требаше да избере шеф на овој суд откако и денеска официјално актуелната претседателка Лилјана Шопова отиде во пензија. Судскиот совет одлучи дека вонредно ќе ги оценува пријавените кандидати бидејќи оценувањето врз кое се базираше изборот е од 2015 и 2016 година. Сега дополнително кандидатите ќе бидат тестирани вонредно за Советот да добиел вистинска слика за кандидатите.
На конкурсот за шеф на Апелација има четири кандидати од скопска Единица. Токму тие беа причината за вонредно оценување со објаснување на дел од членовите на Судскиот совет дека можеби нивните оценки се нереални со оглед на злоупотребите во Кривичниот суд во тој период или рачната распределба на случаи и манипулацијата со АКМИС системот.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд