Лидерска средба за дотоворот од Пржино
Лидерите на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА денеска треба да одржат нова средба на која ќе се разговара за исполнување на договорот од Пржино од 2 јуни/15 јули.
Се очекува, според партиски најави, тие да разговараат за прашањата кои се закочени а кои произлегуваат од договорот од Пржино како изборот на тројца експерти во Државната изборна комисија и медиумските реформи, но и да се осврнат на други прашања исто така поврзани со исполнување на овој договор.
Синоќа требаше да се одржат билатерални средби на партиските претставници со посредникот во разговорите Белгиецот Питер Ванхауте за избор на екпертите на ДИК.
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети последен пат се сретнаа во Клубот на пратеници на 5 ноември. На таа средба не присуствуваше Мендух Тачи од ДПА.
Ново на Сител
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок