-->
-->
Лидерот на Хезболах жали за „маченикот“ Хамнеи
-->

Лидерот на Хезболах, Наим Касем, жали за иранскиот врховен водач Али Хамнеи, нарекувајќи го маченик кој зад себе остава десетици милиони приврзаници, пренесе Би-Би-Си.
Касем изјави дека она што го опиша како „злосторничка американска и ционистичка агресија“ насочена против Хамнеи претставува „врв на криминалот“.
– Ќе ја исполниме нашата должност во соочувањето со агресијата, уверени во победата, водството и поддршката од Алах – се закани Касем.
Либанскиот шиитски Хезболах, кој се смета за една од најистакнатите групи спонзорирани од Иран во регионот, организира јавен собир подоцна денеска во знак на лојалност кон Хамнеи и поддршка за Иран.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Костадиновски: Протестите за улиците во Тетово се протести против владеењето на правото
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата - избрани осум нови министри
-

Николоски и Рокас присуствуваа на промоција на нови возила за Државниот инспекторат за транспорт
-

Расте бројот на странските туристи
-

Катедралата на Кале кај Крупиште целосно откриена
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
