Лидерката на ПАСОК избрана на претседател на нова левоцентристичка партија на Грција
Повеќе од 155.000 грчки социјалдемократи вчера ја избраа Фофи Генимата за претседател на новата левоцентристичка партија во Грција.
Генимата (52), која во моментов е претседател на ПАСОК, освои 57 проценти од гласовите. Нејзиниот противкандидат Никос Андрулакис, кој е член на Европскиот парламент и на Централниот политички совет на ПАСОК, освои 43 проценти од гласовите.
Во јули годинава, неколку социјалдемократски партии, меѓу кои ПАСОК, Потами и Демократкста левица се договорија да формираат нов левоцентристички сојуз.
Партнерите се уште немаат одлучено за формата и името на новата политичка партија, а Генимата соопшти дека во 2018 година ќе свика основачки конгрес на партијата.
Лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис и ја честита победата на Генимата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа