Лидерите на ЕУ одобрија почеток на нова фаза од преговорите за Брегзит
Лидерите на Европската унија одобрија почеток на нова фаза од преговорите за Брегзит.
- Лидерите на ЕУ се договорија да почнат втора фаза од разговорите за Брегзит. Честитки за премиерката Тереза Меј, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Откако утврдија постигнување доволен напредок од првата фаза од разговорите за напуштање на ЕУ од страна на Британија, на Самитот во Брисел е постигнат договор за покренување нова фаза што подразбира преговори за условите на транзицискиот период и изработка на рамки за идните односи.
Приоритети сега ќе бидат правата на граѓаните, границата со Ирска и сумата што Британија треба да и ја исплати на Унијата.
Истовремено почнува работа врз услови на транзицискиот период што следува по официјалното напуштање на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година.
Велика Британија бара транзицискиот период да трае две години
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
