Лична карта на жена од Кочани била злоупотребена за подигање брзи кредити

Четириесет и четиригодишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип вчера во ОВР Пробиштип пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за подигање брзи кредити.
Според пријавеното, на Фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта за да направи донација. По кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва.
Како што соопшти МВР во дневниот Билтен, веднаш потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.
- Побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје. Таа се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување, наведува Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
