Бизнис
12. August 2015 - 20:12

Лицата со посебни потреби заинтересирани за владината мерка за вработување

За прв пат спроведената активна мерка на Владата за вработување на лица со посебни потреби, чиј оглас преку локалниот Центар за вработување веќе е во тек, предизвикува голем интерес кај оваа категорија прилепски граѓани.Според раководителката на Центарот, Силвана Пашоска, оваа мерка е особено атрактивна заради тоа Што во минатото овие лица или тешко доаѓале до работа, или, на некој начин несоодветно биле третирани од работодавачите.
 Аплицирањето на јавниот оглас за вработување на инвалидните лица кои бараат работа преку оваа Програма на Владата, ќе трае до крајот на месецов.