Македонија
5. August 2019 - 15:17

Лица со попреченост од Неготино во Бугарија учеа да изработуваат сувенири

Лица со попреченост од Неготино во Бугарија учеа да изработуваат сувенири од природни материјали. Станува збор за корисници на услугите на Дневниот центар за помош и поддршка на лица со ментален хендикеп, раководен од „Порака Неготино”.

– Се работи  за проектот „Волонтери во акција“ преку Еразмус програмата. На обуката бевме заедно со учесници од Турција и Бугарија. Задоволни сме што за  22 дена престој таму, стекнавме ново искуство, нови пријатели и имавме прекрасно поминато време исполенто со дружење, прошетки и забава, рекоа за МИА од неготинската „Порака”.

Оттаму нагласија дека целта е да се откријат талентите на овие лица и со изработка и продажба на сувенири да се зголеми нивниот џепарлак, но и да се подобрат условите за престој.

Во Бугарија беа осум корисници и четворица вработени во Центарот.