Либан воведува полициски час за невакцинираните лица
– Либанските власти денеска најавија дека ќе воведат ноќен полициски час за невакцинираните пред почетокот на божиќните празници.
Според либанскиот министер за здравство Фирас Абијад тоа е една една од мерките за запирање на неодамнешниот пораст на зголемениот број инфицирани со Ковид-19 и мерка на претпазливост поради појавата на новиот сој Омикрон.
Либан нема регистрирано ниту еден случај на инфекција со Омикрон, но малата земја се соочува со сериозна финансиска криза и е загрижена дека нејзиниот здравствен систем нема да може да се справи со новозаболени лица.
– Одборот за справување со Ковид-19 сака да избегне воведување на целосно затворање и се надева дека ќе поттикне вакцинација на повеќе луѓе, истакна Абијад.
Поради новите мерки до 10 јануари е задолжителна целосна вакцинација на службениците од јавната адмнинистрација и безбедносниот сектор, припадниците на армијата и вработените во здравството, образованието и туризмот. Абијад предупреди дека во спротивно ќе останат без работа.
Либан минатата недела регистрира пораст на новозаболени лиза за 34 проценти, со повеќе од 1.000 нови инфекции дневно.
Ново на Сител
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи