Левица: Се попишуваат и оние кои немаат државјанства

Додека владините функционери именувани од страна на СДСМ, на чело со директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), ја убедуваат јавноста дека пописот е „само статистичка операција“, нивните партнери во власта, функционери од редовите на ДУИ со пара-пописна структура агитираат кај албанската дијаспора за масовно попишување.
Таков е примерот со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која објавува имиња на луѓе и организации и ги повикува Албанците во дијаспората да ги контактираат за да се попишат на пописот. Од сите овие контакти нема ниту еден од неалбанска заедница, а меѓу нив има и верски организации. Од ДЗС пак молчат за ваквото грубо мешање на партиски структури во операцијата, која ја водат државни институции и досега нема ниту кривични, ниту прекршочни пријави, освен најава за крвична пријава кон нашата партија за повикување на бојкот на пописот.
Легитимноста на пописот е целосно поткопана! И тоа, не само поради тоа што партиските структури на ДУИ се однесуваат како парарелни институции, туку и поради тоа што тие, тенденциозно и свесно, ја прошируваат палетата на и онака законски манипулативно поставената пописна методологија, се’ со цел да даде нереални и нелегитимни резултати во однос на етничката структура во државава, односно да се прикаже значително поголем број на Албанци од она што навистина е случај на резиденти во Македонија.
Последен пример за ова е новата нерегуларност која деновиве беше потврдена од лица во дијаспората. Нерегуларноста се однесува на тоа дека, во дијаспората се попишуваат и лица кои се откажале од македонското државјансво?! Имено, ова беше потврдено дури и од Првиот вице-премиер во Владата, Артан Груби, кој кажа дека за да се попишеш „доволно е лицето да има извод од матична книга на родени, извод од книга на венчани, или БИЛО КАКОВ друг документ”. За Груби важно било само да има што поголем број Албанци, што ќе придонело за „унапредување на правата на Албанците во Македонија“.
Очигледно дека пописот е планирана политичка алатка со која треба да се зацементира трибалистичкиот карактер на политичкиот систем на Македонија, и најпосле да се официјализира и унапреди нејзината федерализација.
Оттука, упатуваме повик до сите политички чинители надвор од политичкиот двор на ДУИ, итно да постигнат консензус за откажување на овој попис на неодредено време, се’ додека не се изготви консензуален Закон во кој ке се утврди методологија и контролни механизми, кои реално ќе покажат каква е состојбата на територијата на Република Македонија.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
