Левица поднесе кривична против началникот и инспектор на СВР Битола поради инцидентите на Мечкин камен
Левица поднесе кривична пријава против Началникот Бенито Јошевски и инспекторот Никола Марковски од СВР Битола поради инцидентите од Мечкин камен, кога полициските и параполициските структури на СДС малтетираа обични граѓани.
Преку Уставно гарантираните права на 'слобода на мисла' и јавно изразување на мислата, како и правото на мирен собир и изразување протест, целта беше спротиставување на политиките на пробугарската СДС, кои го рехабилитират бугарскиот фашизам и врховизам.
Јошевски и Марковски, насилнички им ги одзедоа транспарентите на активистите на Левица и со тоа извршија кривично дело "Повреда на рамноправноста на граѓаните" по член 137, ст. 2 од Кривичниот законик.
На транспарентите пишуваше: Стоп за бугаризацијата; и Предавници фашисти, клети врховисти.
Режимот ги демонстрира своите авторитарни и анти-македонски одлики и за исполнување на фашистички цели истапува и вон законите. На територијата на државата непрестајно никнуваат здруженија со имиња на фашистички државници и сродни соработници, токму за остварувањето на неофашистичката агенда.
Во име на МВР, Оливер Спасовски, јавно изјави дека за инцидентите не може да се постапи додека нема пријава. Затоа, очекуваме институциите да постапат согласно законите и оваа кривичната пријава да биде процесуирана.
Јасно е дека народот живее под тиранијата на авторитарен режим, инструментите во рацете на власта вонзаконски се користат на штета на народот и за да опстои, режимот на СДС и ДУИ ја уништува правната држава.
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
