Летиција Каста снима филм во Битола
Француската актерка и супермодел Летиција Каста ќе игра во една од главните улови во играниот филм „Зад хоризонтот” (Le Milieu De L’Horizon) кој ќе се снима во околината на Битола од 20-ти до 24 јули, соошти продукцијата „Кино око“ од Скопје, која е носител на филмскиот сервис во овој проект.
Филмот е во режија на Делфин Лерисе, копродукција е меѓу Швајцарија (Box Productions) и Белгија (Entre Chien et Loup) и е финансиски поддржан од Европскиот филмски фонд-Еуримаж.
Покрај Летиција Каста, која има улоги во неколку филмови, меѓу кои и „Астерикс и Обеликс против Цезар“, а е позната и како супермодел на „Викторија сикрет“, во филмот ќе игра и Клеменс Поеси, која учествувала во два филма од серијалот за Хари Потер, во ТВ-сериите „Озборувачка“, „Гениј“, „Војна и мир“...
Продуцентот Роберт Насков од „Кино око“ соопшти дека филмот ги користи поволностите од Законот за филмска дејност во делот на поврат на финансиски средства кои не се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
- Со оглед на големите актерски имиња и сериозноста на продуцентските куќи кои стојат зад голем број успешни филмови, сметаме дека овој проект ќе биде од големо значење за промоција и афирмација на Македонија како дестинација за снимање на филмови, истакнува Насков.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица