„Летен хепенинг 2015“ во Претор

Полициската станица Ресен денеска на плажата во Претор на Преспанското езеро ќе ја реализира превентивната активност „Летен хепенинг 2015“, како дел од проектот „Безбедно на нашите плажи“.
Како што информираат од полицијата, активноста традиционално се спроведува секоја година за време на туристичката сезона во Преспа, а е дел од превентивниот проект на ПС Ресен „Безбедно на нашите плажи“, кој се реализира во партнерство со Локалната самоуправа Ресен, Црвениот Крст и бизнис заедницата.
Целта на проектот и самата манифестација е заеднички, во партнерство со низа фактори од локалната заедница да се делува врз безбедноста на граѓаните и туристите кои ги посетуваат плажите во Преспа, со акцент на превенција од кражби на плажа, во возила и во туристичките населби.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
