Летаа казни за учесниците во сообраќајот - полицијата санкционираше 22 возачи
Во текот на изминатиот ден (12.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради неправилно престигнување, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 110 мандатни платни налози. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои шест лица поминале со телесни повреди.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Министерката за образование не верува дека има пропусти со извезувањето мозочни ткива во САД
-

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
-

Нов смртен случај од компликации од грип
-

Смарт зелен бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари, Ѓорѓиевски ќе мести и CCTV камери за да се бори со вандалите
-

Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансиски колапс
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
