Кошарка
22. January 2016 - 12:35

Лесна група за Македонија во квалификациите за Еуробаскет 2017

Репрезентациите на Унгарија, Велика Британија и Луксембург ќе бидат противници на Македонските кошаркари во квалификациите за Еуробаскет 2017.

Ова е епилогот од ждрепката извршена денеска во Минхен, во која црвено-жочтите добија противници по мерка, па пласманот на шестото ЕП за Македонија не би требало да биде проблем.

 
За сигурен настап на шампионатот Македонија треба да биде првопласирана, но постои и можност во оваа конкуренција, како и во зависност од останатите групи црвено-жолтите и како втори да играат на Евробаскетот.
 
Имено, учество на шампионатот ќе обезбедат 11 селекции и тоа седумте првопласирани, како и четири од второпласираните од секоја од квалификациските групи.
 
Квалификациите ќе се играат летово, во периодот од 31 август и 17 септември.