Леонардо најави можно враќање на Ибрахимовиќ во Милан

Италијанскиот гигант Милан не ја отфрла можноста Златан Ибрахимовиќ да се врати во Милано.
- Златан може да му помогне на тимот и на возраст од 37 години. Но, мораме полека да пристапиме кон нештата и да не ги заборавиме барањата за финансиски ферплеј, рече спортскиот директор на Милан, Леонардо.
Бразилецот соработуваше со Ибра во Пари Сен Жермен.
- Нормално е дека се уште постои врска меѓу нас, сакаме да изградиме силен тим, но во моментот трансфер пазарот е затворен, додаде Леонардо.
Ибрахимовиќ има договор со Лос Анџелес Галакси, а во дресот на Милан настапуваше во периодот 2010 - 2012 година, освојувајќи ја титулата во Италија во 2011 година.
Во меѓувреме, „росонерите“ објавија информација за договор со Фламенго за младата ѕвезда Лукас Пакета, кој веројатно ќе игра на „Сан Сиро“ од јануари.
Ново на Сител
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
-

Нови мерни станици во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Филипче: Растат авторитетните тенденции
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
