„Лекувај ги сите со рацете, но и со душата. Тоа е она што го правеше најдобро“: Кочани тагува по својата Стефи
Стефанија Соколовa, студент по медицина и активен член на кочанскиот Црвен крст е една од загинатите во пожарот што избувна во клубот „Пулс“ во кој досега загинаа 59 лица, а 163 се повредени.
Помеѓу стотиците објави на социјалните мрежи во потрага по исчезнати млади момчиња и девојки кои биле во дискотеката таа кобна вечер, се појавил и апел за Стефанија. Од неа немаше ни трага ни глас, па нејзините роднини, пријатели и познаници панично и загрижени бараа каква било информација.
Детали за нејзината смрт се уште не се познати. На социјалните мрежи може да се прочитаат бројни срцепарателни простувања со Стефи, како што ја нарекуваа.
„Девојко наша, гледај нè одозгора. Помагај им на сите, исто како што правеше овде. Лекувај ги сите со рацете, но и со душата. Тоа е она што го правеше најдобро. Облечи ја твојата носија и танцувај, а ние ќе плачеме, не замерувај ни. Засекогаш ќе сме тажни по тебе“, стои во едно од збогувањата, придружено со фотографија на која Стефанија позира со насмевка.
Од неа се простија и нејзините колеги од Црвен крст Кочани.
Сакаше дружење, помагање на луѓето и медицина, а нејзината светла иднина беше прекината на 16 март, три часа по полноќ, кога избувна пожар на настап на групата ДНК.
Ново на Сител
-
Собранието ги констатира оставките на министерот Таравари и двајца заменици министри
-
Калас: Мораме да го засилиме притисокот врз Русија за да ја натераме да се согласи на мир
-
ЕУ воведува нов систем на гранциите - ќе важи и за македонските граѓани
-
Уставен ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик
-
Мирот во Украина изгледа подалеку по телефонскиот разговор на Трамп со Путин
-
Привремено деблокиран судот во Нови Сад
-
Јамал добива нов договор и бројот 10
-
Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава