Лекари без граници: Во Мадаја во Сирија 23 луѓе починале од глад
Организацијата Лекари без граници соопшти дека од декември досега 23 луѓе ги загубиле животите поради глад во опколеното сириско место Мадаја во кое наскоро би требало да пристигне хуманитарна помош.
Организацијата наведува дека меѓу починатите се и шест бебиња, помлади од една година, а петмина се постари од 60 години.
Според сириската Организација за човекови права, уште 13 луѓе кои биле во потрага по храна загинале откако нагазиле на мини поставени од режимот, или се убиени.
ОН соопштија дека за 40.000 луѓе од кои половината деца, неопходна е итна помош во Мадаја. Сириската Влада вчера дозволи доставување помош за опколената Мадаја по наводите дека жители починале од глад. ОН се надеваат дека хуманитарната помош ќе стигне за неколку дена.
Ново на Сител
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал