Лекар нападнал пациент во Tетовската клиничка болница
Пациент од село Брвеница пријавил дека вчера околу 17 часот и 30 минути бил нападнат од лекар во Клиничката болница во Тетово.
– В.С.(67) од село Брвеница пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот додека бил на преглед во Клиничката болница во Тетово бил физички нападнат од Ш.Ф., лекар во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти денеска СВР Тетово.
Според извори во истрагата, пациентот бил на закажан преглед кај друг лекар, а пријавениот лекар влегол во просторијата и му забележал на 67-годишникот за тоа што на висок тон разговарал на телефон додека се наоѓа во болница и го удрил со нога.
За само три дена ова е втор инцидент со физички напад во Tетовската клиничка болница. Во петокот лекар од кожното одделение во болницата беше нападнат и повреден од двајца браќа кои добија осум дена притвор и кривична пријава за насилство.
Ново на Сител
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа