Лекај: Ако се формира ЗСО ќе има апсење

По одлуката на Српска листа да излезе од Владата и да формираат Заедница на српски општини (ЗСО) од Приштина пристигна предупредување за апсење.
Косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај се закани дека ќе бидат уапсени членовите на Српска листа доколку формираат ЗСО.
- Можат да бидат приведени во моментот кога ќе бидат против законите и Уставот на Косово, изјави Лекај.
Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ вчера по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, најави дека партијата излегува од Владата и оти 10 мнозински српски општини во Косово ќе бидат формирани на 20 април.
Ѓуриќ, во понеделникот беше уапсен во Косовска Митровица, бидејќи, според Приштина, илегално влегол во Косово. За време на интервенцијата на специјалните сили на косовската полиција, 32 лица беа повредени. Ѓуриќ по инцидентот е протеран од Косово.
Поради инцидентот во Косово, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини вчера итно допатува во Белград на средба со Вучиќ.
Таа потенцира дека во иднина не треба да се повторат настаните од понеделникот и оти и двете страни треба да бидат посветени на продолжување на дијалогот Белград - Приштина.
И САД и Русија се огласија по повод настаните во Косовска Митроцица и повикаа на „смирување на страстите“ и враќање на преговарачкиот процес.
Ново на Сител
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
