Лејди Гага има ново момче
Во јули минатата година, пејачката Лејди Гага ја раскина веридната со актерот Тејлор Кини, со кој беше во врска од 2011 година, кога тој беше главна ѕвезда на нејзинот спот „You And I“.
Актер пред пејачката клекна на Свети Валентин во 2015 година со дијамантски прстен во форма на срце, а медиумите често ги прогласуваа за еден од најслатките холивудски двојки. И самата Гага призна дека никогаш не била посреќна, па раскинување беше големо изненадување.
Потоа, пејачката се посвети на работа, а во наредните месеци го промени имиџот и сега изгледа поубаво од кога било досега.
Денови американските таблоиди почнаа да тврдта дека во нејзинот живот „влегол нов маж“.
Иако вестите не се официјално потврдени, таблодите тврдат дека станува збор за 48-годишниот „ловец на таленти“, Кристијан Карин, кој е 18 години постара од Лејјди Гага. Меѓу, неговите клиенти се и Џенифер Лопез, Џастин Бибер, Сајмон Кауел и Мајли Сајрус.
Двојката се појави заедно на ревијата на Томи Хилфингер, каде Кристијан беше „уловен“ како трпеливо чека додека неговата сакана позираше и му честиташе на познатиот дизајнер на новата колекција.
Покрај тоа, се шпекулира, дека крај неа на ревијата седела и ќерката на Кристијан, па таблоиидте претпоставуваат дека нивната љубов трае веќе некое време.
Кристијан пред Гага беше во врска со ѕведата на серијата „Живи мрттовци“, актерката Лорин Коан.
Ново на Сител
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите