Легендата за баба Марта
Месецот март во нашите народни преданија е претставен како баба Марта, чудна баба и исклучително непредвидлива. Затоа, во март може да вее снег, но и изненадно времето да се стопли и сонцето да грее како да е лето.
Еве интересна приказна зошто месецот март го добил името баба Марта:
Легендата вели дека баба Марта првпат се разгневила кога римскиот крал Нума ѝ го одземал местото на прва дама во календарот, додавајќи пред неа уште два месеца. Токму затоа старицата станала навистина чудна, во еден момент во нејзе се будел воениот дух на богот Марс, па така на земјата испраќала студ, а во друг момент со насмевка на лицето испраќала пролет.
Според народните верувања, баба Марта е олицетворение на пролетта, повторното раѓање, а кога на земјата испраќа снег, тоа е за да ги предупреди луѓето за нивното однесување.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот