Лефков со нови сознанија за „Броило“
Денес ќе презентираме нови фрапантни сознанија за аферата броило и за соларниот картел, како и за трговијата на влијание на Димитар Ковачевски.
Како соларниот картел во аферата Броило вртел милиони ќе објасниме и преку денешниот случај.
Само во еден потег, кумот на премиерот Ковачевски добил работа од 2 милиони евра.
Соларниот профитер Ковачевски заработува суми на пари додека народот осиромашува.
Имено, фирмата на кумот на Ковачевски склучува договор со ЕВН, каде државата има удел, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии.
Договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски и ЕВН е склучен на 03.02.2021 година, и истиот е во вкупна вредност од 123 милиони денари, без вкалкулиран ДДВ, односно над 2 милиони евра.
Договорот на фирмата на кумот на Ковачевски со ЕВН е со времетраење од две години, и тој е се уште во сила, односно ЕВН се уште може да ги користи услугите на КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски, додека самиот Ковачевски е премиер на државата.
Самиот факт што Ковачевски е заменик министер додека фирма на неговиот кум склучува договор со претпријатие каде државата има интерес буди сомнеж за начинот на избор. Дополнителен сомнеж буди фактот што договорот може да се извршува и да се користат услуги од истиот додека Ковачевски е премиер.
Дополнително треба да се нотира дека фирмата на кумот на Ковачевски не е производител на панелите, туку само ги монтира истите, а произведувач на фотоволтаични панели во соларниот картел на фирми е фирмата основана од Ковачевски, Пиксел груп.
На овој начин фирмата основана од Ковачевски е фирмата кај која ќе завршат парите од оваа набавка од над 2 милиони евра.
Со ова фирмата основана од Ковачевски е таа која има директен профит од договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар и ЕВН.
Дезертерот Ковачевски да не чека и да си поднесе оставка веднаш. Ковачевски е фатен во центарот на соларен картел, како преку аферата Броило се свртени 26 милиони евра.
Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград
-
Парламентарни избори 2024