Живот
2. April 2019 - 14:23

Ледено цунами покажа што не чека: Луѓето во паника бегаа од огромниот бран предизвикан од глечер што се топи, најјака порака од природата

Само неколку моменти пред огромните делови од глечерот да паднат во вода, група туристи на Исланд безгрижно уживале во погледот.

Меѓутоа природата ја покажа својата сила и додека незапирливо умира ги натера луѓето во панично бегство.

Група туристи која заедно со водич обиколувала еден од познатите глечери, присуствувала на она што научниците одамна го предупредуваат - планетата ја загреавме толку што на овие ледени џинови не им остана уште многу време.

Колку и да било нивното топење тивко и далеку од очите на поголем дел од светот, последиците се силни и незапирливи.