Кошарка
28. November 2023 - 8:56

Леброн Џејмс го претрпе најголемиот пораз во кариерата

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го доживеа највисокиот пораз во кариерата.

Клубот од Лос Анџелес ноќеска на гостувањето кај Филаделфија загуби со 138:94 во натпреварот од регуларниот дел од сезоната во НБА. Овие -44 се полоши од претходниот најлош резултат на Џејмс, а тоа беше поразот од Индијана -42 во 2019 година.

Лејкерси го загубија седмиот последователен натпревар од Филаделфија.

Центарот на Сиксерс, Џоел Ембид имаше трипл-дабл со 30 поени, 11 скока и 11 асистенции. Џејмс мечот го заврши со 18 поени и 5 асистенции.