Македонија
30. December 2016 - 12:43

Леб и чоколади: Еве колку јадат годишно Македонците

Лебот е најзастапен на македонската трпеза. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, годишно просечно македонскиот граѓанин јаде 72,8 килограми леб.

Месо.jpg

Годишната конзумација од страна на еден жител на месо изнесува 25,9 килограми, додека на чоколади и кекси 6,7 килограми.

ЧОКОЛАДО

Податоците покажуваат дека во Македонија во текот на годината се увезени новогодишни производи во вредност од 754.450 евра.