Фудбал
16. February 2016 - 20:58

ЛЕ: Соуса двоен стрелец за победа на Фенербахче

Екипата на Фенербахче оствари победа од 2:0 на првиот натпревар од 1/16 финалето во Лига Европа одигран вечерва во Истанбул. Стрелец на двата гола беше Бразилецот Соуса во 18.минута и 72.минута. 
Ова е солидна предност за турската екипа во пресрет на реванш дуелот.
 
Другите дуели од оваа рунда ќе се одиграат во четврток:
Валенсија – Рапид Виена,
Фиорентина – Тотенхем,
Борусија Дортмунд – Порто,
Андерлехт – Олимпијакос,
Митјиланд – Манчестер Јунајтед,
Аугсбург – Ливерпул,
Спарта Прага – Краснодар,
Галатасарај – Лацио,
Сион – Брага,
Шахтјор – Шалке,
Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао,
Севиља – Молде,
Спортинг – Баер Леверкузен,
Виљареал – Наполи и
Сент Етиен – Базел.