Ле Пен вети дека ќе го признае Крим како дел од Русија ако ги добие претседателските избори
Претседателката на Националниот фронт Марин Ле Пен, кандидат за претседател на Франција, вети во интервјуто за „Известија“ дека официјално ќе го признае Крим за дел од Русија ако ги добие овогодинешните претседателски избори.
- Да, по референдумот што покажа дека народот се согласува да се присоедини кон Русија, јас исто така го признавам Крим за дел од Руската федерација, истакна Ле Пен.
Според неа, приклучувањето на Крим во Украина било само „административно прашање од советското време, полуостровот никогаш не бил украински“.
Таа изрази жалење бидејќи референдумот од март 2014 година не е признаен од меѓународната заедница и од ОН.
Кандидатката за претседател на Фрација, нагласи дека ќе ги подобри односите меѓу Париз и Москва.
- Планирам да и обезбедам на Франција независност од САД и НАТО и да ги обновам нормалните односи меѓу Франција и Русија, особено по воведувањето на неправедните и неефикасните санкции, истакна претседателката на Националниот фронт.
Ле Пен нагласи дека сака да и го врати на Франција нејзиниот „глас и место во светот“.
Според неа, француските власти децении ги следеле идеите на европеизмот, потиснувајќи ги сопствените интереси.
Претходно таа изјави за телевизијата „Бе-Еф-Ем“ дека „не го оценува за нелегитимно“ присоединувањето на Крим кон Русија и оти не гледа основа да се стави под сомнение референдумот од 2014 година.
Сегашната власт на Франција не го признава враќањето на Крим во составот на Русија, напоменува ТАСС.
Последните анкети ја определуваат Ле Пен како еден од фаворитите за претседателските избори, која најмалку ќе стигне до вториот круг.
Изборите во Франција ќе се одржат во два круга - на 23 април и на 7 мај.
Ново на Сител
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис