ЛДП: Зоран Павловски нов државен секретар во Министерство за економија
Зоран Павловски, денеска на предлог на министерот за економија Крешник Бектеши, е именуван за нов државен секретар во Министерството за економија, информира Либерално-демократската партија (ЛДП).
- Зоран Павловски, член на ЛДП, на ова место доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во општина Куманово, со иксуство во развој на локална економија, поддршка во развој на мали и средни претпријатија, претприемништво, туризам, занаетчиство и угостителство, соопшти ЛДП.
Новиот државен секретар, се додава во соопштението, првенствено ќе се залага за зголемена подршка на мали и средни бизниси, релаксирање на законската регулатива со намалување на парафискални даноци и надоместоци, еднакви услови за домашните и странски компании, како и за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта