ЛДП: Град Скопје да почне да се занимава со реалните проблеми на граѓаните
Либерално-демократската партија најостро ги осудува вчерашните случувања на седницата за советнички прашања во Советот на Град Скопје и апелира до надлежните конечно да започнат да се занимаваат со решавање реалните проблеми на граѓаните, а не да измислуваат нови.
Вчерашната седница и односот на поединци кон институцијата Совет на Град Скопје, особено од страна на градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески, е само уште еден чекор во деградирањето и дерогирањето на институцијата.
– Сведоци сме на зголемено незадоволство, како на вработените во градските служби и јавни претпријатија, така и на граѓаните на Скопје, кои секојдневно наоѓаат начини како да се изборат со пречките кои Град Скопје ги секојдневно ги поставува. Наместо брз рапид транзит систем, добивме нефункционален јавен превоз, а наместо колекторски систем на реката Вардар, добивме метропола со ѓубре и отпад на сите страни и загаден амбиентален воздух. Наместо пристојни услови за живот, добивме штрајкови, протести и незадоволство од секоја пора на градот.- велат од партијата.
Вчерашната седница за советнички прашања беше само кулминација на хаосот и безредието кои веќе една година владеат во главниот град.
ЛДП апелираат до советниците и градоначалничката да бидат одговорни пред граѓаните, да не ги трошат народните пари на приредување циркузи и конечно, да се зафатат со решавање на проблемите на Скопје и скопјани.
Либерално демократска партија
Ново на Сител
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
-

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал
-

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
